19:51 - 2 април, 2026

Даниела Мартиновиќ за настапите за време на војната: „Се криев и во багажник“

Даниела Мартиновиќ летово имаше уште еден успешен хит на Сплитскиот фестивал. Песната „Фортуната“ повторно ја донесе на врвот на музичките топ листи, што покажува дека таа работи со полна пареа.

Пејачката годинава прослави 30 години од почетокот на нејзината музичка кариера, а годишнината ја одбележа со многу успешната концерна турнеја наречена „Отворено срце“.

Даниела во четвртокот гостуваше во студиото на Радио Далмација и откри дека наскоро ќе објави нова песна со наслов „Vjerujem ljudima“.

„Никогаш не сум била посреќна, никогаш не сум била покомплетна, поисполнета, послободна. Тоа се чувствува, тоа доаѓа од внатре, тоа е вистинскиот и единствен рецепт“, изјави пејачката која зад себе има богата музичка кариерата, а сѐ започна кога на само 19 години ја наследи Љиљана Николовска во групата Магазин.

-За мене Љиља и понатаму е најдобрата пејачка на сите времиња на нашите простори, изјави Даниела.

-Никогаш не сум размислувала за тоа дека треба да личам на некого, едноставно природно бев тоа што сум и таква сум и денес. Никогаш не патев за тоа, особено што некое девојче може да зачекори по стапките на Љиљана Николовска“, додаде таа, потсетувајќи се на концертите со Магазин за време на војната.

-Да, точно е, се криев и во багажник“, се сеќава Даниела и раскажува како некогаш толку цврсто спиела во комбето, што не ни слушнала дека паѓаат гранати околу нив.

-Тоа лето ја пеев „Da je slađe zaspati “, песна која за рекордно време стана мегахит. Договоривме турнеја со брод и на него бевме јас, Минеа и Дорис Драговиќ, но само Дорис, бидејќи беше најголема ѕвезда, спиеше во хотел. Ние се стискавме на бродот, во кабините. Третиот ден отидов кај Дорис и ѝ реков „Доки, ќе умрам, не можам повеќе“, изјави Даниела и откри дека Дорис ја шверцувала во нејзината хотелска соба до крајот на турнејата.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....