14:05 - 31 јануари, 2026

Дали Шон Диди Комбс ќе го преживее животот зад решетки: „Не е безбеден; бандите се многу моќни, дури и во најбезбедните затвори“

Експерт тврди дека животот на Шон Диди Комбс е загрозен зад решетки додека скандалозната музичка фигура го чека судењето во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе и рекетирање, а во меѓувреме двапати му беше одбиен откупот.

Комбс беше уапсен од Одделот за домашна безбедност на Соединетите држави на 16 септември и обвинет е, меѓу друготе, и за сексуална злоупотреба, по тужбата на Кеси Вентура во ноември 2023 година и последователните наводи од повеќе луѓе.

Тој е обвинет за силување, сексуална злоупотреба, ментална злоупотреба и физичко малтретирање на неговите жртви. Кристофер Зукис од Криминалниот центар предупредува дека животот на Комбс може да биде во опасност зад решетки поради ризикот членовите на бандата да сакаат да се одмаздат за смртта на Тупак Шакур во 1996 година.

„Ако сте персона нон грата за одредена банда или група“, изјави Зукис за In Touch- Тогаш навистина има луѓе кои ќе се потрудат да ти направат нешто лошо“.

Тупак беше убиен во 1996 година, набргу по тепачката која ја доби од Мајк Тајсон, а беше застрелан четири пати на булеварот Лас Вегас, од банда во бел Кадилак. Осомничените никогаш не биле изведени пред лицето на правдата, иако во тек е правна расправија со Дуан Дејвис, кој беше уапсен и обвинет на 23 ноември, но се изјасни за невин за вмешаност во убиството.

Зукис, кој го напиша Прирачникот за федералниот затвор, исто така беше поддржан од друг автор, Роберт Стратон, кој е осуден шверцер на дрога и исто така зборуваше за In Touch.

„Бандите се многу моќни, дури и во најсигурните затвори“, рече Стратон. „Можно е да се дојде до него, но би била потребна соработка со затворските чувари, како во случајот со Џефри Епштајн“.

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....