4.8 C
Скопје
15:47 - 17 декември, 2025

ЦЕЗАР САЛАТА СПОРЕД ОРИГИНАЛНИОТ РЕЦЕПТ ОД 1924 ГОДИНА: Цезар Кардини ја измислил, денес ја знаеме поинаква, ама највкусна е по првичниот рецепт!

Оваа салата некогаш се јадела со раце.

Во повеќе ресторани во градот оваа салата има тажен вкус. Ама, ако е за утеха, слично е и во светот. Ретко ќе добиете вистинска Цезар салата, според рецептот од 1924 година на Цезар Кардини.

Кардини бил познат италијански готвач кој поради подобра егзистенција ја напуштил својата земја во 1920 година, во потрага за исполнување на американскиот сон. Но, патот од Америка го одвел во Мексико каде отворил и свој ресторан. Во 1924 година ја измислил салатата наречена (по него) Цезар, а всушност таа салата ја приготвувале неговите вработени за да ги услужат побрзо гостите (главно, Американци), пред да им пристигне главното јадење, кои пристигнувале тука за да се забавуваат и да се напијат.

Цезар салатата набрзо станува популарно предјадење кое полека се проширува низ светот. Денес пак, поради богатите состојки кои ги содржи, многумина ја сметаат и за лесен ручек или вечера.

Веројатно сте пробале најразлични Цезар салати, често и мешавини од се и сешто, модерни варијанти, со различни (дури и непотребни) додатоци.

И претпоставуваме, многупати сте се разочарале, зашто не сте го добиле истиот вкус од Цезар салатата која сте ја нарачале неодамна, во некој друг ресторан.

Но разбираме, секој сака да биде оригинален, на свој начин. Сепак, за оние кои сакаат да го вкусат приближно оригиналниот рецепт на кралицата на салатите (земјаќи ги предвид состојките кои денес можат да се најдат во супермаркетите или на пазарот), тоа веројатно ќе мора да го направат сами, дома.

Од состојки потребни се – 5 изгмечени чешниња лук, 4 лажици маслиново масло, сок од 1 лимон, 2 лажичи (ворчестер) сос, 1 лажица сенф, 1 ипол лажица бел вински оцет, 4 јајца, 2 подебели парчиња домашен леб, 2 лажици маслиново масло, 100 грама пршута, листови марула, 50 грама пармезан, сол, мелен црн пипер.

Подготовка

Исечкајте го лебот на коцки и прелијте го со маслиново масло, посолете и наросете мелен црн пипер. Печете ги парчињата леб 15 минути, додека не поруменат, а потоа оставете ги да се изладат.

Ставете ја пршутата да се пече 3 минути додека не стане крцкава. Изгмечете го лукот со преостанатото маслиново масло и додадете го лимоновиот сок, ворчестер сосот, сенфот и оцетот, па добро промешајте. Потоа во салатата додадете ги ровко сварените жолчки од јајцата и уште еднаш промешајте.

Сервирајте ја Цезар салатата на зачинетите листови марула. Додадете ги коцките леб, пршутата и пармезанот и наросете со мелен црн пипер.

Слични објави

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin
Се вчитува....