8.8 C
Скопје
10:01 - 31 март, 2026

Часовникот на Хитлер продаден на аукција за нешто повеќе од милион долари

Не недостигаа протести од еврејските здруженија кои ја критикуваа аукцијата дури и пред продажбата на часовникот д страна на аукциската куќа Александар Хисторикал аукшн.

Повеќе од милион долари за часовник што му припаѓал на Адолф Хитлер: тоа е цената од наддавањето на аукција во Мериленд, САД, јавува Би-Би-Си онлајн.

Златниот часовник, продаден на анонимен купувач за 1 милион и 100 илјади долари, има реверзибилно куќиште, изгравиран орел и свастика.

Не недостигаа протести од еврејските здруженија кои ја критикуваа аукцијата дури и пред продажбата на наследството од страна на „Александар Хисторикал аукшн“ во државата Мериленд. Сепак, аукциската куќа, која продавала и други нацистички предмети во минатото, објаснила за германските медиуми дека нејзината цел била да се зачува историјата и дека повеќето од продадените предмети се чуваат во приватни колекции или се донирани на музеите на „Холокаустот“.

Наводно, часовникот му бил даден на Хитлер од нацистичката партија во 1933 година, годината на неговото доаѓање на власт во Германија. Во мај 1945 година бил преземен од француски војник во поранешната алпска резиденција на Хитлер во Берхтесгаден, само четири дена по самоубиството на диктаторот, и часовникот така останал во сопственост на семејството на војникот со децении.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....