12.8 C
Скопје
22:02 - 28 октомври, 2026

„Брзо ја преболе смртта на Саша!“: Сузана Јовановиќ ја поврзуваат со пејач, ѝ местат афера

Српската пејачка Сузана Јовановиќ се нашла во центарот на вниманието на социјалните мрежи откако се појавиле тврдења дека наводно пронашла нов партнер по смртта на сопругот Саша Поповиќ.

Во една од објавите се наведува: „Брзо ја преболе неговата смрт! Сузана Јовановиќ фатена во прегратката на нашиот популарен пејач!“. Заедно со овој наслов, објавена е и фотографија на која се гледаат две личности одзади, а која, судејќи според сè, не е автентична, туку е создадена со помош на вештачката интелигенција.

Во објавата притоа не се споменува името на мажот со кого наводно е видена пејачката, туку со фотографијата е преземена нејзината биографија. Сепак, некои корисници на социјалните мрежи поверувале во овие тврдења, по што следеле негативни и навредливи коментари на сметка на Сузана.

Ова не е првпат пејачката да се соочи со приказни кои, според неа, имаат за цел да го нарушат нејзиниот углед и односот со семејството. Сузана неодамна зборувала за една непријатна ситуација од периодот на бракот со Саша Поповиќ, кога, како што рекла, некој се обидел лажно да ја претстави како неверна сопруга.

– Ми ѕвони телефонот и ми се јавува еден тио: „Здраво, Сузана, ми должиш 2.500 марки. Кога беше со мене, ти дадов 2.500 марки.“ Јас го ставив на спикерфон, кога си чист и знаеш дека ништо лошо не си направил во животот. Реков: „Еве го мојот сопруг.“ Сале го праша што му треба, а тој почна да пелтечи. Тоа беше подметнување. Мене не ми беше тешко, го скениравме бројот и поднесовме кривична пријава за вознемирување – раскажала Сузана.

Пејачката навела дека подоцна дознала дека зад сето тоа стои жена од естрадата.

– Прашав дали има некаква врска со естрадата и дали некој го ангажирал, а стануваше збор за моја колешка. Не го дознав името, но претпоставувам кој е  нека остане лице X. Целта беше да се создаде раскол и дека јас го изневерувам Сале, дека не сум добра сопруга, добра мајка и дека не сум жена за него. Целта беше да се стави крај на бракот. Можете ли да поверувате? Јас само прашав дали е некој од естрадата, стануваше збор за колешка, а инспекторот рече дека не може да ми го каже името – рекла таа.

 

Слични објави

„Пинкови ѕвезди“ се целосно промашување“: Александра Радовиќ остро го критикуваше шоуто, но и оние што се нарекуваат ментори

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо
Се вчитува....