04:16 - 12 април, 2026

Братот на Рада Манојловиќ го претепале! Во кафеана добивал ќотек, па завршил како алкохоличар

Пејачот Ненад Манојловиќ, инаку полубрат на српската пејачката Рада Манојловиќ, имал сериозен страв од настапување во кафеани. Како што открил, добивал многу закани и тепања за време на настапот, поради што се свртел кон алкохолот.

Ненад наведува дека е сигурен дека не постои марка пиштол што не била репетирана на неговото чело.

– Не се сеќавам колку пати ме удрија во ребрата и на челото и нема ниту една марка пиштол што не ми е репетирана во челото додека пеев. Не можам ни да замислам како е тоа да имаш поддршка. Генерално, не беше лесно и работевме во кафеани каде што имаше многу повратници од бојното поле – рекол пејачот, а потоа додал дека тоа е амбиент во кој воопшто не сакал да работи.

– Јас најмногу се плашев од кафеаните и настапувањето во кафеани и затоа почнав да пијам многу рано. Бев тежок алкохоличар до пред околу седум или осум години. Тоа беше единствениот начин да опстанам во кафеаната без да се умрам од страв – искрено рекол Ненад.

Тој вели дека ништо добро не може да се види од опијатите и дека никој што е порочен не успеал во животот.

– Би им рекол на сите луѓе да се држат настрана од какви било опијати, бидејќи не познавам никого што направил голема работа или заштедил пари, додека притоа се опивал. Сите тие се големи имиња, но не можат да кажат дека направиле големи заштеди или заработиле многу пари – изјавил тој за „Хајп“.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....