22:12 - 2 април, 2026

„Болеста ме промени од корен“ – Жељко Самарџиќ за битката со хашимото

Славниот Жељко Самарџиќ за српските медиуми откри дека битката со болеста го натерала радикално да го промени начинот на живот, пренесува Информер.рс.

-Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, се беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа – започна пејачот и откри дека многу долго имал  хашимото, но дури подоцна го открил:

-Жените најмногу боледуваат од оваа болест, но мене ми се случи и се справувам со неа најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат синдром на хашимото, а јас го имав долго време без да знам – изјавил пејачот, а болеста на Жељко Самарџиќ му го промени начинот на живот.

-Од моментот кога ми се случи хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапии. За три месеци одам на преглед. Болеста ме промени од корен. Порано земав чашка ракија или повеќе вино, но сега не можам затоа што морам да ги заштитам гласните жици, вели пејачот.

Тој случајно дознал дека има хашимото.

-Оваа болест ја открив кога одев на операција на симпатикус нерв за да не се потам, а по некое време се покажа дека е  хашимото, намалена функција на тироидната жлезда – откри тогаш Жељко.

Хашимото тироидитис претставува воспаление на тироидната жлезда, кое се јавува како резултат на сложени автоимуни процеси во организмот. Имено, имуниот систем создава антителакои селективно ја напаѓаат тироидната жлезда. Ваквата состојба – Хашимото тироидит се смета за  најчестата причина за појава и развој нахипотироидизам. Таа претставува хронична состојба која може да се развива постепено со текот на годините и да предизвика оштетување на тироидната жлезда.

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....