03:40 - 6 април, 2026

Бил Козби повторно обвинет за сексуално злоставување, наводно дрогирал и силувал позната пејачка

Бил Козби се соочува со нова тужба во Њујорк за сексуално злоставување. Како што објави Дејли мејл, овој пат тужбата ја поднела пејачката Морган Пикард во која тврди дека 86-годишниот актер ја дрогирал и силувал откако се запознале во 1987 година.

Таа тврди дека Козби ја поканил на сетот на The Cosby Show со образложение дека сака да ѝ помогне во кариерата.

Таа додала дека актерот постојано ѝ давал пијачки и инсистирал таа да пие. Пикард верува дека во пијалоците имало дрога бидејќи, како што тврди, таа се онесвестила набргу откако ги испила. Во судските документи таа навела дека во една таква ситуација „се разбудила гола во хотелска соба со болки во вагината“. Ова, вели таа, ја навело да поверува дека била силувана.

За потсетување, во средината на јуни, уште девет жени го обвинија Бил Козби за сексуални напади во тужба во која се наведува дека ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да ги нападне.

Повеќе од 60 жени го обвинија Козби за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвиненија поврзани со сексуални злосторства.

Тој помина речиси три години во затвор во близина на Филаделфија пред високиот суд да ја поништи неговата пресуда и да го ослободи во 2021 година.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....