7.8 C
Скопје
11:03 - 28 февруари, 2026

Бијонсе за новиот албум се сликаше полугола на коњ, прекриена само со накит

Албумот „Renaissance“ е првиот соло албум на Бијонсе по пауза од шест години.

Пејачката неодамна објави нов сингл „Break My Soul“, кој ја воодушеви и Мишел Обама.

„Кралицата Бијонсе, повторно го направи тоа! “Break My Soul” е песната што ни треба на сите во моментов, а јас не можам а да не танцувам и пеам заедно со неа! Едвај го чекам албумот!”, напиша неодамна поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави на својот Инстаграм.

Синглот ќе се најде на нејзиниот претстоен албум „Renaissance“, за кој сега ја објави насловната фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Бидејќи „Renaissance“ е нејзиниот прв соло албум по „Lemonade“ од 2016 година, кој ќе излезе на 29 јули, таа мораше да направи нешто посебно. На Инстаграм објави фотографија на која јава светлечки коњ, облечена само во сребрен накит. Некои ја споредија оваа насловна со нејзината насловна на Vogue на која изгледаше прилично кралски.

„Создавањето на овој албум ми овозможи место за сонување и пронаоѓање бегство во текот на ужасното време за светот. Ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристички во време кога малку нешто се движеше. Мојата намера беше да создадам безбедно место, место без осудување. Место без перфекционизам и претерано размислување. Место за врескање, ослободување, чувство на слобода. Тоа беше прекрасно патување за истражување. Се надевам дека ќе најдете радост во оваа музика. Се надевам дека ќе ве инспирира да се придвижите. И да се чувствувате единствени, силни и секси“, напиша Бијонсе под фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Бијонсе суптилно го навести своето враќање во музиката претходно оваа година со нејзиниот вообичаен потег да ги брише нејзините профилни слики на сите нејзини профили на социјалните мрежи, бидејќи во нејзиниот случај тоа значи дека таа подготвува нешто.

Фотографијата на насловната, на која Бијонсе позира полугола на коњ, е очигледен омаж на историската слика на благородничката Лејди Годива Џон Колиер, како и одличното влегување на Бјанка Џегер на коњ во Студио 54 во 1977 година.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо

(Фото) Специјално роденденско изнеанадување за Јована Стојменовиќ: Еве каков подарок доби

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме се на нова авантура по Париз, а нивната мистериозна обајава ги замисли сите

Еспресо
Се вчитува....