16:51 - 7 април, 2026

Беше како приклучок-исклучок: Турунџиева си ја отвори душата за односот на Маленко со нивната ќерка

Сузана Турунџиева рече дека нејзиниот поранешен сопруг Александар Маленко со нивната ќерка Лора имал ограничен контакт. Во гостувањето во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, познатата водителка и пејачка ја отвори душата.

– Имаше ограничен контакт, многу малку време поминато заедно. На почетокот додека беше мала и додека ги разбере нештата како стојат ѝ велев дека татко ѝ нема време, дека е зафатен, дека е на пат.

Со тоа се обидов и него да го заштитам, да му дадам можност да се најде себеси што прави и колку треба да промени во врска со неговата прва ќерка. Меѓутоа, не се променија многу нештата.

Фото: Фејсбук

Тој одвреме-навреме како приклучок-исклучок, ќе се приклучи, ќе се исклучи од нејзиниот живот. Веројатно толку можел да даде -рече Сузана Турунџиева.

Нејзината ќерка Лора е веќе возрасна и мајка на Јаков кој има шест и пол години.

Помалата ќерка на Турунџиева, Матеа, на Божиќ следната година ќе наполни 17 години. Нејзиниот татко, сопругот на Сузана, Марјан Јовановиќ ненадејно почина пред девет години.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....