3.8 C
Скопје
09:19 - 21 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 21 октомври

Овен
Некој одеднаш ве доведува во непријатна ситуација и се обидува да ви наметне одредени правила на однесување. Потребна ви е подобра контрола на деловните состаноци. Зачувајте го достоинството пред саканата личност, покажете дека имате доволно сила да надминете некои чувствителни ситуации низ кои минувате.

Бик
Се обидувате правилно да дешифрирате нечија порака или да одржите позитивен став во деловната соработка. Изборот на деловна тема треба да се заснова на доверливи информации. Нов почеток е пред вас, искористете го тоа! Покажете му на партнерот дека има поубав, интересен дел од реалноста што не е недостижен.

Близнаци
Нема причина да се сомневате во нечии искрени чувства. Некој има позитивно влијание врз вашиот начин на размислување или врз одлуките што ги донесувате. Кога имате покрај себе луѓе од доверба, сè лесно се решава и успешно завршува. Денес најголемо уживање или задоволство ви носи средбата со саканата личност.

Рак
Партнерот навистина знае како да ве направи среќни и да ве задоволи. Уживајте во работите што ве исполнуваат емотивно. Понудени ви се различни идеи за деловна соработка. Добар избор на деловната тема произлегува од меѓусебните договори и консултациите со доверливи соработници. Бидете мудри, дејствувајте паметно.

Лав
Финансиската ситуација ви претставува голем проблем. Колку и да имате пари, секогаш ви недостасуваат за нешто. Или вашите апетити се многу големи, или, пак, вие не знаете како да се однесувате со парите и како да направите листа на приоритети кои прво треба финансиски да ги решите. Мора да најдете решение!

Девица
Понекогаш треба да имате доволно професионална мудрост и да премолчите за различни коментари кога се среќавате со соработниците. Важно е да ја зачувате самоконтролата пред личност која има негативно влијание врз вашето расположение или однесување. Бидете ладнокрвни и љубезни, не оддавајте слабост.

Вага
Премногу нервозно и раздразливо реагирате во ситуациите што ве следат во приватниот живот. Претерувањето во изливите на емоции или новите барања делуваат иритирачки на саканата личност. Смирете ги нервите, без неочекувани испади, љубоморни забелешки, посесивност, сето тоа го оддалечува партнерот од вас.

Скорпија
Денес фокусирајте се на односот со пријателите и семејството. Крајно време е да им ставете крај на недоразбирањата. На работното место владее одлична атмосфера и без проблем ќе ги завршите сите обврски. На емотивно поле, брзото размислување ќе ви помогне да избегнете голема грешка. Ќе реагирате како молња!

Стрелец
Подобрете го вашето расположение во вистинското друштво. Не дозволувајте никој да го менува вашиот емотивен ритам или потребите што ги имате. Секогаш постои некој кој што добро ве разбира. Како што ќе се однесуваат кон вас, така и вие однесувајте се кон нив. На добрината возвратете со добро, на лошото со лошо.

Јарец
Не ви се допаѓа улогата која некој ви ја дава, но не бидете брзоплети. Почекајте вистината да излезе на виделина. Различни околности се на ваша страна. Важно е да ја сочувате енергијата за некои корисни цели. Одговорете на нечија молба и променете ги воспоставените навики ако на тој начин го усреќите вашето семејство.

Водолија
Мали турбуленции во врска со вашите деловни планови. Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе имате пречки при реализирањето на вашите мегаломански идеи. Можеби е подобро да правите мали, но сигурни чекори, одошто еден ризичен. Ова не е поволен период за несигурни потези и склучување несигурни зделки.

Риби
Ако сте во врска, подгответе некое пријатно изненадување за личноста кон која имате чувства. Не постои краток пат кон успехот. Ако сте сингл, а сте вљубени, ќе молчите за тоа. Имате чувство дека најдобро би било причината за вашата среќа да ја сочувате само за себе. Овој пат сте во право. Почекајте иницијатива од другата страна.

Слични објави

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо
Се вчитува....