11.8 C
Скопје
13:43 - 27 октомври, 2026

Анабела Атијас оперирана, три недели не изглегла од дома

Пејачката Анабела Атијас пред три недели се подложила на операција на очите, а како што дознава српски „Курир“, таа ја имала првата интервенција која вклучувала менување на леќите.

Поради закрепнувањето и за да се избегне можноста од инфекција, Анабела речиси три недели го поминува времето дома и максимално мирува.

Сето ова, како што раскажал извор близок до пејачката, многу тешко ѝ паѓа, бидејќи Анабела не е личност која сака да мирува и да ги поминува деновите во кревет. Особено ѝ е тешко да биде одвоена од своите најблиски и да биде принудена привремено да го промени дневниот ритам.

Поради здравствената состојба, Анабела уште пред три недели ги откажала настапите, а на музичката сцена треба да се врати за десетина дена. Нејзиното враќање е закажано за концертот „Деведесеттите“ во Нови Сад, каде што повторно треба да застане пред публиката.

Пејачката е решена да ги следи сите совети на лекарите за нејзиното закрепнување да помине што е можно подобро и што побрзо да се врати на своите обврски.

Да ве потсетиме, Анабела Атијас, дури и во шестата деценија од животот, е една од најубавите пејачки од српската поп-сцена. Неодамна, еден естетски хирург зборуваше за јавни личности кои имале естетски интервенции, а како што истакна, пејачката го средила лицето.

„Таа го има она што се бара, она што пациентите го бараат. Изразени јаболчници, изразена вилица. Усни кои се гледа дека коригирани, но се сосема природни“, рекол тој за „Курир“, додавајќи дека некој што не е во оваа работа тоа можеби дури и нема да го забележи.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....