17.8 C
Скопје
13:42 - 24 октомври, 2026

Ана Николиќ стави крај: Го сменила телефонскиот број и ги фрлила сите работи од Рале!

Пејачката Ана Николиќ повторно ја вознемири јавноста со своите чекори по пријавата за семејно насилство против композиторот Горан Ратковиќ – Рале.

Според домашните медиуми, Ана по пријавата решила целосно да го прекине секој контакт со Рале. Го блокирала на сите социјални мрежи, го променила телефонскиот број и спакувала сè што ѝ припаднало од него – подароци, лични работи и гардероба – по што ги изнела на улица и ги фрлила покрај контејнер.

„Не сакаше да задржи ниту еден спомен. Јасно стави до знаење дека со него е готово. Последна капка беа неговите јавни изјави во кои ја спомна и нејзината ќерка Тара“, изјавил извор близок до пејачката за магазинот Свет.

Композиторот, пак, не ја негира дека дошло до инцидент, но тврди дека насилството било „обострано“ и дека нивната врска била „токсична“.

„Не знам кој е насилник, а кој жртва. Не можевме да издржиме три дена без кавга. Ана ја разби собата, кршеше чинии, ми се закани дека ќе ме прободе со нож. Јас ја држев за раце и се обидував да ја смирам. Во тоа неволно ја удрив, а потоа ја обгрлив и ја спуштив на под, молејќи ја да престане“, изјави Ратковиќ, додавајќи дека има снимки од настанот.

Ана Николиќ, иако повредена и разочарана, според блиските останува цврста во одлуката да го остави минатото зад себе.

„Таа е фокусирана на кариерата и на ќерката Тара. На сите блиски им кажа – никогаш повеќе со Рале“, вели изворот.

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.
Се вчитува....