5.8 C
Скопје
03:59 - 2 октомври, 2026

(Фото) Алкохолот ѝ ја зеде убавината, а сега и умот – ѕвездата на „Династија“ во депресија зборува самата со себе

Ѕвездата од „Династија“ и „Мелроуз Плејс“ Хедер Локлир е снимена на работ на една од зградите во Малибу, Калифорнија.

Некогаш најубавата актерка во Холивуд е видена како чудно се однесува низ улиците, а „Дејли мејл“ пренесе дека се качила на зградата по состанокот со вереникот и бивши тркач на мотоцикли Крис Хајзер.

Се појави и видео кое го објави „Дејл мејл“ на кое се гледа како познатата актерка седи на скалите и  зборува самата со себе, правејќи чудни гестови. Потоа почннува да чекори по работ на зградата со апостолки, држејќи се за столбовите. Изгледала збунето и гневно, а нејзините пријатели велат дека повторно почнала да пие.

Фановите се загрижени за глумицата, особено што во последните неколку години целосно беше деформирана поради големиот број естетски зафати. Денес таа не личи на себе.

За потсетување, глумицата долг период имаше и проблеми со алкохолот и одеше на рехабилитација. За целиот тој период Крис и ќерка ѝ Ава и беа најголемите поддржувачи во борбата со зависноста.

Некогаш беше една од најплатените актерки и манекенки, чие богатство се проценуваше на повеќе од 20 милиони долари.

Актерката зад себе има два брака, со тапанарот Томи Ли, кој траеше седум години и со гитаристот Ричи Самбора, кој остана со неа 13 години и со кој доби ќерка.

Таа беше свршена во 2011 година со актерот Џек Вагнер.

 

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....