04:07 - 3 април, 2026

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Американската актерка Алиса Милано преку емотивна објава на Инстаграм се збогуваше со својот колега Ерик Дејн, кој почина на 53-годишна возраст. Тој почина по компликации од амиотрофична латерална склероза, сериозна невродегенеративна болест што му била дијагностицирана пред неполна година.

Во пораката, Милано се наврати на неговата препознатлива искра во погледот, специфичниот, продорен хумор и дарбата со една реченица да предизвика и неконтролирана смеа и длабока лична рефлексија.

„Не можам да ја тргнам од мислите онаа искра во очите на Ерик, во мигот пред да изусти нешто поради што или ќе ти излета пијалакот од смеа, или ќе ти се разниша целата перспектива. Имаше извонредно остар ум. Уживаше во апсурдот. Сакаше да ги изненадува луѓето“, напиша актерката.

Посебен дел од нејзината објава беше посветен на неговите ќерки и сопругата Ребека, за кои, како што истакна, тој покажувал особена нежност.

„Кога зборуваше за своите ќерки и за Ребека, целосно се менуваше. Ги носеше со себе и таму каде што физички не беа присутни. Тоа се чувствуваше во начинот на кој му омекнуваше гласот кога ќе ги спомнеше нивните имиња. Семејство кое ти го одзема здивот“, сподели Милано.

Таа откри и неколку лични спомени, нагласувајќи дека токму тој ја охрабрил да направи пикси-фризура и пирсинг на носот, како и дека ѝ бил поддршка во моментот кога ја пронашле нејзината спасена чивава Луси.

„Моето срце е со сите кои имаа привилегија да му бидат дом“, напиша Милано, упатувајќи сочувство и поддршка до неговото најблиско семејство.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....