22:38 - 5 април, 2026

Актерката што ја глумеше Мерилин Монро има нов предизвик – ќе снима трилер во Австралија

Ана де Армас, актерката што ја играше Мерилин Монро во драмата „Русокоса“ (Blonde) ѝ се придружи на актерската екипа на трилерот за преживување „Потекло на видовите“ (Origin of Species) во режија на Рон Хауард.

Филмот е најавен како „приказна за убиство и опстанок, сместена околу група еклектични ликови, кои ја напуштаат цивилизацијата и одат на Галапагос. Сите тие го бараат одговорот на тоа постојано прашање што нè мачи сите нас: кое е значењето на животот“.

Снимањето треба да почне во Квинсленд, Австралија, годинава.

Сценариото го пишува Ноа Пинк, кој претходно го напиша сценариото за „Тетрис“ за „Епл ТВ“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....