5.8 C
Скопје
21:12 - 20 февруари, 2026

Аеросмит ја откажаа прошталната турнеја: Стивен Тајлер трајно ги оштетил гласните жици

Бендот Аеросмит (Aerosmith) објави дека се повлекува од турнејата бидејќи „целосно закрепнување на гласните жици на фронтменот Стивен Тајлер не е можно“.

Американскиот рок бенд, познат по хитовите како Dream On, Dude (Looks Like A Lady) и Walk This Way, ја одложи својата проштална турнеја која беше најавена уште од минатиот септември бидејќи на Тајлер му требало третман за оштетените гласни жици. Сега сосема ја откажаа турнејата, пишува Индекс.хр

„Како што знаете, гласот на Стивен е уникатен инструмент. Со месеци неуморно работеше за да го поправи гласот како што беше пред повредата. Видовме дека се мачеше иако со себе го имаше најдобриот медицински тим. За жал, јасно е дека целосно закрепнување од повреда на гласните жици не е можно. Како група донесовме тешка, но неопходна одлука – да се повлечеме од турнејата“, објави бендот на Инстаграм.

„За нас беше чест што нашата музика стана ваша музика. Искрата на инспирација во 1970 година стана Аеросмит. Благодарение на вас, таа искра се претвори во пламен и гори повеќе од пет децении. Некои од вас беа со нас од почетокот и сите сте причината поради која ја испишавме историјата на рокенролот“, додаваат во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerosmith (@aerosmith)

Од бендот велат дека им се неописливо благодарни на оние кои сакале да ги видат на прошталната турнеја.

„Ви благодариме, најдобрите фанови на Земјата. Пуштете ја нашата музика гласно, сега и засекогаш. Сонувајте. Ги остваривте нашите соништа“, заклучија тие.

Слични објави

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....