22:45 - 5 април, 2026

Адел паузира со музиката за да студира: Ако немав успешна музичка кариера, мислам дека ќе бев професорка

Британската пејачка Адел ја изненади јавноста и своите обожаватели со објавата дека ќе ја паузира музичката кариера за да се посвети на студиите по англиска книжевност.

За време на промоцијата на видеозаписот на нејзината пезна „I Drink Wine“ во Лос Анџелес, Адел им откри на обожавателите дека дека жали што не се запишала на факултет кога била помлада и дека сега има намера да се фокусира на студиите.

„Навистина сакам да се потсветам на студиите по англиска книжевност после концертите во Лас Вегас. Ако немав успешна музичка кариера, мислам дека ќе бев професорка. Мислам дека ќе бев наставничка по англиски јазик. Дефинитивно, јас сметам дека ја користам мојата страст кон англискиот јазик во она што го правам. Иако е многу веројатно дека нема да добијам работа по дипломирањето, требаше да се запишам на факултет кога бев помлада, ќе беше убаво да го имав тоа искуство. Како и да е, и сега нема да се запишам на универзитет, ќе имам онлајн-настава и ќе учам со ментор. Тоа е мојот план за 2025 година – да стекнам квалификации“, објаснила Адел.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....