Александар Станимировиќ, познат како Аца Амадеус, гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што отворено зборуваше за своите препознатливи тетоважи на лицето, откривајќи ги болните приказни, личните трауми и емотивните бури што стојат зад нив.
Музичарот истакна дека секоја тетоважа на неговото лице носи длабока симболика поврзана со тешки животни периоди, загуби и стресни ситуации:
„Ова ми е за смртта на најдобриот друг, татко ми… Ова го направив од стрес кога беше случајот со Ада Циганлија и кога имаше 100.000 луѓе“, објасни Аца, додавајќи дека неговите тетоважи всушност биле начин да се избори со притисокот:
„Ме изнервира еден поранешен однос толку многу што решив да си ја исечам косата за да не убијам некого. Mене секоја тетоважа ми помогна да не направам некоја глупост. Добро сум и нормален по сè што помизнав. Секоја е тажна и има посебна приказна“.
Сепак, сите тетоважи на неговото лице не се врзани за болка и тешки спомени. Аца откри и дека од огромна љубов ја овековечил и својата сегашна свршеница, пејачката Барбара Бојловиќ, која е помлада од него 23 години:
„Тоа е таа, ја истетовирав од љубов. Многу ми помогна. Папучар сум, нема проблем, ја сакам најмногу на светот и не верував дека може толку да се сака“, призна музичарот.
