10.8 C
Скопје
14:18 - 27 октомври, 2026

(Видео) „Зошто полугола на тие години?“: Згодната Јелена Розга запеа во провокативно издание, јавноста ја искритикува

Хрватската пејачка Јелена Розга ја започна летната концертна сезона со настап на „Summer Opening Party“ во Марина Нови, во Нови Винодолски, каде ги изведе своите најголеми хитови пред бројната публика.

По концертот, инфлуенсерот Амер Кадиќ објави видео на кое Розга ја изведува песната „Ти си жеља мог живота“ од групата „Магазин“. Снимката за кратко време собра повеќе од еден милион прегледи, а освен позитивните реакции за нејзиниот настап, големо внимание привлече и нејзиниот стајлинг.

Четириесет и осумгодишната пејачка настапи во краток тексас-комбинезон со долги ракави и црн ремен, кој ја истакна нејзината витка фигура и долгите нозе. Додека многумина ја пофалија за изгледот, дел од корисниците на социјалните мрежи сметаа дека ваквата комбинација не е соодветна за нејзината возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amer Kadic (@amerkad88)


„Никому не му стои сè, па така ни на неа овој комбинезон“, напиша еден корисник. Друг коментираше: „Моден промашај… и зошто полугола во зрели години?“, додека трет додаде дека пејачката можела да избере некој од многуте фустани кои, според него, би ѝ прилегале многу подобро.

Сепак, далеку побројни беа оние кои застанаа во одбрана на Розга. „Колку злобни и искомплексирани луѓе… Оставете ја жената да носи што сака“, гласеше еден од коментарите. Други ја опишаа како „вистинска Барби“ и порачаа дека изгледа беспрекорно, додавајќи дека годините не треба да бидат мерило за тоа што некој смее или не смее да носи.

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....