11.8 C
Скопје
04:06 - 30 октомври, 2026

(Видео) Весна Змијанац настапи на митингот на Вучиќ, а социјалните мрежи ја исмеаја: „Како воопшто да не сака да биде таму“

Српската фолк-пејачка Весна Змијанац, која отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, настапи и на вчерашниот митинг на Српската напредна странка (СНС) во Белград.

Но, наместо по настапот, таа се најде во центарот на вниманието поради реакциите на социјалните мрежи. На платформата Икс се појавија видеа од нејзиниот настап, а многумина коментираа дека изгледала незаинтересирано и без енергија.

„Се гледа дека не ѝ е до пеење“, „Пеење со нула ентузијазам“, „Весна Аутотјун“, „Звучеше морничаво“, „Ја совлада жештината“, беа само дел од коментарите.

Змијанац и претходно настапуваше на собири организирани од СНС. Во март годинава, по настапот на митинг во Белградска арена, изјави дека воопшто не се двоумела дали да ја поддржи власта.

„Воопшто не се двоумев. Претседателот секогаш треба да се поддржи. Јас отсекогаш сум била со власта. Тоа им го велам и на моите деца – секогаш бидете со власта, така нема да имате никакви проблеми. Ако не е така, тогаш проблемите се неизбежни“, изјави тогаш Змијанац за телевизијата Пинк.

Интересно е што нејзината ќерка Николија Јовановиќ и зетот Реља Поповиќ во изминатиот период јавно им дадоа поддршка на студентските протести во Србија и присуствуваа на неколку собири.

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....