21:31 - 12 ноември, 2026

(Видео) Шакира е безмилосна – во новата песна го избриша подот со Пике

Mу се одмаздува ли Шакира во новата песна на Пике?, се прашуваат фановите, откако таа ја објави песната.

Колумбиската пејачка во песната пее „Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. Нејзините обожаватели веруваат дека токму овој текст е посветен на Пике и неговата нова љубов.

„Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе“, пее Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба.

Шакира и Пике во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати заедно. Парот има два сина на возраст од 9 и 7 години.

„Волчица како мене не е за дечиња како тебе. Те надраснав, па затоа си најде девојка која е иста како тебе. Јас вредам колку две 22-годишни. Ти посакувам сè најдобро со мојата замена, ама ти замени „ферари“ за „твинго“, замени „ролекс“ за „касио“… Цело време вежбаш, можеби треба да го повежбаш малку и мозокот“, пее Шакира во новата песна.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....