Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) вчера одбила да го прекине концертот во Примоштен, иако цело време врнело, а во еден момент се изгаснале светлата и озвучувањето. И самата публика пеела заедно со пејачката и не дозволила невремето да им го расипе доброто расположение.
„Птиците умираат пеејќи… Синоќа имаше големо невреме во Примоштен, па (луѓето зад сцената) ми рекоа дека ќе ме удри струја. Јас си помислив: ‘Мене да ме удри струја? Па, татко ми работеше во ЕлектроДалмација’. По јавното обраќање откажаа озвучувањето и осветлувањето (од осветлување имавме само молњи и телефони), па судијата (Томица) отсвири дека е време за крај. П.С. За оние кои не знаат, кога бев малечка ме нарекуваа Неверина“, напиша таа во описот на видеото кое го објави на социјалните мрежи.
„Едноставно никој не разбира дека ниту дождот, ниту молњата, ниту камионите, ниту авионите не ѝ можат ништо на таа жена! Жената е таква затоа што има таков дух. Ѝ симнувам капа до под и ја поддржувам во сè што прави“, ѝ напиша еден фан под објавата.
„Честитки“, „Ќе го паметам овој концерт“, „Таа е кралица“, во коментар ја поддржаа и другите обожаватели.