08:00 - 19 ноември, 2026

(Видео) Сања Николиќ слави 44. роденден, Слаткар ја бакна среде сцена и ѝ прати љубовна порака

Македонската манекенка и поранешна водителка Сања Николиќ денеска го слави својот 44. роденден, а нејзиниот сопруг, раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, јавно ѝ ја честита оваа посебна пригода.

Тој објави видео од свој настап, на кое во еден момент ѝ приоѓа на Сања и ја бакнува пред публиката. Снимката ја придружи со кратка љубовна порака:

„Среќен ти роденден, љубавино моја“, напиша Слаткаристика.

Двојката е во брак од 2014 година, а во 2020 година го доби синот Моша. Иако приватниот живот најчесто го чуваат подалеку од јавноста, Слаткаристика во интервју за „Слободен печат“ во 2024 година отворено зборуваше за нивниот однос и откри како реагирал кога првпат ја видел Сања.

„Па сега кога ќе си го вртам филмот, години наназад, првото нешто што сум го кажал кога сум ја видел е: Ууу… ама е убава. Тоа е првото што ми текнува, кога ќе се сетам на Сања“, раскажа тој.

Во истото интервју, раперот нагласи дека сопругата низ годините му била силна поддршка, како во приватниот живот така и во неговата работа.

„А, дека ми е поддршка низ сите овие години, во сè што работам, тоа се подразбира и сум среќен што е навистина така“, изјави Слаткаристика.

Денешната роденденска честитка беше уште еден редок јавен момент од нивната долгогодишна љубовна приказна.

Слични објави

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо
Се вчитува....