13.8 C
Скопје
14:35 - 28 октомври, 2026

(Видео) Прво појавување на Зорица Брунцлик на Пинк по операцијата – пејачката ја откри својата состојба

Здравствената состојба на пејачката Зорица Брунцлик веќе извесно време е во фокусот на јавноста, откако неодамна беше оперирана, поради што привремено отсуствува од малите екрани.

Според извори блиски до пејачката, таа моментално се опоравува дома со редовна медицинска нега, додека нејзиното место во жирито на шоуто „Ѕвездите на Пинк“ привремено го презеде нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.

Во текот на синоќешната емисија, публиката имала можност да ја види преку видеоповик, кога таа накратко се приклучила на програмата и ги поздравила колегите и гледачите, што предизвикало воодушевување во студиото.

Според зборовите на Кемиш, нејзиното враќање се очекува наскоро, но дури кога лекарите ќе проценат дека е целосно подготвена да продолжи со професионалните обврски.

– Закрепнувањето оди во добра насока, но потребна е претпазливост бидејќи нејзиниот имунитет моментално е ослабен – рекол извор од нејзиното опкружување.

Иако веста за нејзината здравствена состојба ги загрижи многумина, најновите информации влеваат оптимизам дека пејачката наскоро ќе се врати на сцената и во жирито на популарното натпреварување.

Слични објави

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.
Се вчитува....