7.8 C
Скопје
23:21 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) Нова песна на Антониа Гиговска: Слушнете ја „Атлантида“

Една од најшите најголеми музички ѕвезди – Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава.

Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи.

„Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. Јас сум презадоволна од песната, спотот. Некои можеби ќе кажат дека е „обична“ песна, но за тие што го мислат тоа објавивме уште една верзија на песната, односно „sad version“, па која верзија повеќе им се допаѓа, таа нека ја слушаат“ – вели Гиговска.

Како и за останатите песни, така и за оваа Антониа и нејзиниот тим одлучија да снимаат видеоспот за новата песна. Како режисер на видеото се потпишува младиот и талентиран Томислав Живковиќ, а истиот се снимаше во Грција, Галичник и нашиот главен град.

Инаку Антониа летово има закажано доста настапи, а тоа е одлична прилика да ја слушате и видите во живо една од нашите најталентирани пејачки…

Слушнете ја „Атлантида“:

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....