10:15 - 3 април, 2026

(Видео) Музика што воодушевува – „Големата вода“ на Кирил Џајковски

Музиката од ремек делото „Големата вода“ на Иво Трајков од денеска е достапна на сите дигитални сервиси во светот.

Овој материјал на Кирил Џајковски е едно од највпечатливите сведоштва за неговиот раскошен талент како композитор на филмска музика и потврда на неговата креативна зрелост.

На петнаесетте композиции од ова издание, авторот успеал да прикаже подеднаква елоквентност во динамичните, драматични, перкусивни теми (“Chasing Lem”, “Blood Brothers”) и во нежните,
елегантни, интроспективни нумери (“The Great Water”, “Forgiveness”, “Farewell”).

„Големата вода“ ја освои наградата за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија. Албумот со музиката од филмот „Големата вода“ од денеска може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.

Слични објави

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо
Се вчитува....