04:44 - 6 април, 2026

(Видео) Македонката Елена Васова ја доби наградата „Милан Младеновиќ“

Македонската пејачка Елена Васова е овогодинешна добитничка на престижната награда „Милан Младеновиќ“. Признанието ѝ беше врачено на 21 септември во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“.

Васова, родена во Скопје во 2000 година, победи со песната „Љубов“, создадена во соработка со Ненад Стефановски и Ади Имери, а во проектот учествуваат и Петар Лукиќ, Мартин Џорлев и Милош Спасов.

„Фала ви многу. Јас навистина не го очекував ова… Ви благодарам што давате еден простор и платформа и не’ препознавате – ‘the underdogs’… Ви благодарам!“, изјави младата уметница.

Покрај паричната награда од 3.000 евра, таа доби и статуетка, како и можност за настапи на регионални фестивали.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....