23:23 - 5 април, 2026

(Видео) Маја Беровиќ ја следела Јелена Карлеуша на аеродром! Пејачката ѝ порача: „Можеше да ме прашаш за слика!“

На социјалните мрежи се појави видео кое за кратко време стана вирално – во главни улоги: Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ. Двете се враќале во Белград со ист лет од Црна Гора, каде што пејачките го поминале викендот – една на одмор, другата на настап.

Сведоци велат дека Беровиќ, штом ја здогледала Карлеуша, почнала да се оддалечува, но подоцна, како што тврдат, буквално ја следела на аеродромот и дури и по пистата, додека Јелена се фотографирала за Инстаграм. Видеото од тој момент стана хит на „Икс“, а коментарите не престануваат – особено поради тоа што Маја имала речиси иста фризура како Карлеуша. На многумина тоа им личело на обид за имитација.

ЈК, како и секогаш, не остана должна. Во свој стил напиша: „Од ‘Атеље Траг’ од Маја не остана ни траг. Можеше да ме замоли за слика – фанови и клонови не одбивам. А не вака, да се шета зад грб како надуен петл и да ја снимаат зад мене!“.

Иако меѓу нив нема директен конфликт, Карлеуша не ја крие својата аверзија кон Беровиќ поради нејзиното блиско пријателство со Светлана Цеца Ражнатовиќ, за која поп-дивата тврди дека нанела многу зло на неа и нејзиното семејство. Според Карлеуша, секој што е во добри односи со нејзините непријатели, станува и нејзина мета.

– Кога некој свесно избира такво друштво, покажува каков е и самиот – порача таа.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....