04:01 - 27 август, 2026

(Видео) Ја прашаа Дара дали знае која е Дара Бубамара, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Бугарската пејачка Дара, која со песната „Bangaranga“ победи на годинашната Евровизија, освен со настапот, го привлече вниманието и со својата спонтана реакција за време на разговор со новинарите.

За време на евровизиските интервјуа, српски медиуми ја прашале дали знае дека и во Србија постои позната пејачка со истото име – Дара Бубамара.

„Дара Бубамара? Секако дека знам“, одговорила бугарската победничка со насмевка, по што продолжила понатаму.

Кратката реакција брзо стана хит на социјалните мрежи низ регионот.

Инаку, Дара е родена во 1998 година во Варна, а пошироката публика ја запозна уште кога имала само 17 години, по учеството во бугарската верзија на шоуто „X Factor“, каде што во 2015 година го освои третото место.

По натпреварувањето, нејзината кариера почнала нагло да се развива. Таа потпишала договор со музичката куќа „Вирџинија рекордс“ и го објавила својот прв сингл „K’во не чу“, кој со недели бил меѓу најслушаните песни во Бугарија.

Иако досега има објавено само два албума, нејзините песни имаат повеќе од 80 милиони прегледи на интернет платформите.

Покрај музичката кариера, од 2021 година таа е и ментор во шоуто „Гласот на Бугарија“, каде што двајца нејзини кандидати победиле во текот на четири сезони.

Со победата на Евровизија 2026, Дара ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на натпреварувањето.

Слични објави

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо

(Фото) Предизвика „бура“ во Америка – сопругата на Сергеј Трифуновиќ позираше топлес

Еспресо

(Фото) На 43 години, тој е вистински ѕвер! Златан Ибрахимовиќ на ова ја должи тајната за својот младешки изглед 

Еспресо

(Фото) Кафе, сок и шишенце млеко — Анастасија и Гудељ покажаа како изгледа едно секојдениве

Е.А.

„Една си ми ти“: Обожавателка на Тарабунов направи нешто уникатно за него

Еспресо

(Фото) Гламур под отворено небо – Во Villa Diva искусете поинаква димензија на вашата прослава

Еспресо
Се вчитува....