13.8 C
Скопје
15:14 - 23 март, 2026

(Видео) Елтон Џон ја заврши својата проштална турнеја: Повеќе од 50 години на сцената и над 4.600 одржани концерти

Британскиот пејач, пијанист и композитор Елтон Џон официјално ја заврши својата проштална турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во Стокхолм.

Турнејата траеше речиси пет години и опфати 333 концерти, пренесува NME.

На настапот во Теле2 Арената во главниот град на Шведска, Елтон Џон како последна нумера ја отпеа неофицијалната химна на турнејата – „Goodbye Yellow Brick Road“. Пред почетокот на песната, англискиот музичар одржа говор пред околу 45.000 луѓе во публиката, заблагодарувајќи им се за поддршката во текот на неговата кариера.

– Имав прекрасна кариера. Педесет години чисто уживање во музиката, па колку сум јас среќен човек? Немаше да бидам овде да не бевте вие. Купувавте синглови, ЦД-а, албуми, касети… А што е уште поважно, купувавте билети за концерти. Знаете колку сакам да настапувам и концертите ми беа моја линија на животот. Бевте феноменални, порача 76-годишниот пејач.

Песната „Goodbye Yellow Brick Road“ е издадена во 1973 година и беше втор сингл и насловна песна од седмиот студиски албум на Елтон Џон. Таа стигна до првите 10 на топ листите во Велика Британија, САД, Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Норвешка и Јужна Африка.

Слични објави

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Еспресо
Се вчитува....