6.8 C
Скопје
02:51 - 31 март, 2026

(Видео) „Човеков е пијан од раѓање“: Владо Георгиев доцнел два часа на концерт, а потоа едвај стоел на нозе додека пеел

Црногорскиот пејач Владо Георгиев вчера го одржа долгонајавуваниот „Концерт на вода“ во својот роден град Херцег Нови, но импресиите кои пристигнуваат од посетителите ден потоа се претежно негативни.

Како што пишуваат регионалните медиуми, концертот требало да започне во 21 часот, но Георгиев се појавил на сцената речиси два часа подоцна. Тој веднаш почнал да пее, без да им се извини на своите обожаватели за доцнењето.

Но, она што го привлекло вниманието кај присутните е тоа што пејачот едвај стоел на нозе, се тетеравел додека се движел на сцената, а во неколку наврати и ќе паднел за малку. Георгиев оставал впечаток дека нема контрола врз своето движење и делувал како да е во алкохолизирана состојба.

Денеска се појавија неколку снимки од скандалозното однесување на пејачот, а многумина на социјалните мрежи упатија критика до Георгиев за неодговорниот пристап во работата.

„Жал ми е што го видов ова. Навистина ми е жал“, „Овој човек е пијан од раѓање“, „Зошто се тетеравиш ако Земјата е рамна?“, „Не само што доцнеше два часа, туку и звучеше ужасно. Владо, навистина ја разочара својата публика што толку долго го чекаше овој концерт“, гласат дел од коментарите.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....