04:27 - 3 април, 2026

Весна Змијанац за експлицитниот спот на Николија и Реља: „Не сум го видела, но ги поддржувам во сè“

Новата песна „Баш ти се свиѓа“ на музичкиот пар Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ предизвика вистинска бура во јавноста. Спотот, кој изобилува со експлицитни сцени, фетиш естетика и провокативни кадри, веќе неколку дена е главна тема на социјалните мрежи и медиумите.

Додека Николија и Реља сè уште не се огласиле по повод реакциите, новинарите стапиле во контакт со пејачката Весна Змијанац, мајка на Николија. Таа изјави дека сè уште не го погледнала спотот, но недвосмислено ја истакна својата поддршка за ќерка ѝ и зетот.

„Не сум го видела спотот, како да коментирам кога не сум го ни погледнала?! Николија ми спомна дека ќе биде нешто, но јас работев синоќа и сега Сакам да се одморам“, изјави Змијанац за српскиот портал „24седам“, додавајќи: „Ја поддржувам ќерка ми во сè, а и Реља исто така“.

Во спотот, парот прикажува сцени кои варираат од нежна интимност до екстремна еротика, вклучувајќи кадри во кои пејачката гази по партнерот, а потоа му врзува гениталии со синџир. Има и моменти со фетиш маски, размена на вода од уста во уста, како и сцени што сугерираат доминација и страст.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....