16:18 - 24 јануари, 2026

Уапсен модниот тајкун Питер Нигард: 25 години сексуално тероризирал сиромашни малолетнички!

Profimedia

Питер Ј. Нигард (79), финско-канадскиот моден претприемач и основач на компанијата за производство на облека за жени „Нигард интернешнл“, е уапсен во вторникот под обвинение за трговија со луѓе, со цел сексуална експлоатација, рекет и други злосторства, во кои биле вклучени повеќе десетици жени, меѓу кои и малолетнички, пишува „Њујорк тајмс“.

Со децении вршел сексуални злосторства

Федералните обвинители од Канцеларијата на јавниот обвинител на САД во вторникот отворија обвинение против Нигард, а како што велат, постои сомневање дека неговото криминално однесување траело со децении и дека злосторствата ги извршил во САД, Канада и на Бахамите.

Profimedia

Нигард е уапсен во Винипег, Канада, на барање на САД и врз основа на договор за екстрадиција.

Обвинителите тврдат дека Нигард го користел влијанието на својата компанија и вработените во период од 25 години за да регрутира полнолетни и малолетни жени, а потоа ги искористувал за исполнување на сопствените сексуални нагони и на нагоните на неговите пријатели и познајници. Жените често доаѓале од сиромаштија, а некои биле злоупотребувани и пред Нигард да ги регрутира.

Во обвинението се наведува дека Нигард сексуално злоупотребил некои од своите жртви, додека други жени биле сексуално злоупотребувани од неговите соработници. Обвинителите велат дека соработниците на Нигард некои жени ги дрогирале за да „осигурат дека ќе ги исполнуваат неговите сексуални желби“.

Profimedia

Нигард уживаше репутација на плејбој, а еднаш рече дека младите жени што биле во негово друштво биле „изворот на младоста“. Родениот Финец со канадско државјанство, својата мултинационална модна компанија ја основал пред повеќе од 50 години во Винипег.

Нигард ја напушти компанијата „Нигард интернешнл“ во февруари годинава откако агентите од Федералното истражно биро (ФБИ) извршија рација во неговиот дом во Лос Анџелес и во канцеларијата на неговата компанија во Њујорк.

Изнајмил проститутка да ги силува неговите синови

Двајца од неговите синови го обвинија во август дека изнајмил проститутка за да ги силува, а Нигард, наводно, рекол дека сакал таа да „направи мажи од нив“. Во тоа време, едниот син имал 14, а другиот 15 години.

Profimedia

– Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на другите луѓе да проговорат за тоа што им се случувало – рекол постариот син во интервју за Си-би-ес њуз.

Тој додал дека чувствувал збунетост и срам и дека многу нешта му се разјасниле кога неговиот татко, сопственик на модната империја, бил обвинет за трговија со луѓе.

Слични објави

Се породи сопругата на Огњен Амиџиќ: Пресреќен сум!

Еспресо

Жељко Бебек нелегално пловел по Јадранот! Јахтата „Пахуљица“ му е избришана од регистар

Еспресо

(Фото) Сопругата на Ѓани заврши со ортопедско помагало: „Ужасно ме болат раката, главата и ‘рбетот“

Еспресо

Хороскоп за 24 јануари: Овните ќе имаат идеален ден за романса, Лавовите ќе започнат големи проекти

Еспресо

Александра Младеновиќ трпи големи болки: Српската пејачка се огласи по итната операција

Еспресо

(Фото) Едита Арадиновиќ јавно ја потврди својата бременост: Поради ова сите мислат дека го откри полот на детето

Еспресо
Се вчитува....