6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

Телото на исчезнатата инфлуенсерка пронајдено покрај патот

Алексис Шарки, 26-годишната инфлуенсерка пронајдена е мртва покрај патот во Хјустон, откако некои минувачи виделе дека во грмушките се гледаат женски нозе.

Девојката исчезнала еден ден по Денот на благодарноста, откако, како што изјавила нејзината мајка, се скарала со засега неидентификувано лице.

Денот на благодарноста беше непорен ден и за неа и за нас, па само кратко се слушнавме преку пораки. А петок, искрено, петокот го испуштивме. Беше напорен ден, тој ден не зборувавме, а потоа во петокот вечерта таа исчезна. Оттогаш не сме ја виделе ни слушнале“, открила мајка ѝ пред да биде пронајдено нејзиното тело.

По пронаоѓање на телото мајката на Алексис изјавила дека е убедена дека станува збор за сомнителна смрт и дека тоа „никако не може да биде несреќен случај“.

Алексис се омажила во 2019 година и се преселила во Хјустон. Нејзиниот сопруг Том се простил од неа преку порака на социјалните мрежи.

Никогаш не сум видел ни почувствувал таква убавина. Ти си мојот свет. Ми го направи животот неверојатен, му даде смисла на моето постоење. И ми покажа како треба да се сака“, напишал Том.

Алексис на телото немала видливи повреди, а во тек е истрага за нејзината смрт, пренесуваат американските медиуми.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....