21.8 C
Скопје
18:13 - 5 април, 2026

Теа Таировиќ си доби своја ѕвезда во Бугарија: Името ѝ се најде среде имиња на холивудски ѕвезди!

Младата музичка ѕвезда синоќа настапи во Софија, во еден престижен локал, а менаџментот на прочуениот хотел во кој одседнуваат светски познати личности ја изненади Теа со несекојдневен подарок!

Тea Таировиќ синоќа во Бугарија одржа спектакуларен настап, за кој се бараше билет повеќе! Дружењето со публиката во Софија, како и секогаш, беше феноменално, па пејачката реши да го продолжи настапот на огромно воодушевување на присутните.

Не е тајна дека Теа е една од најомилените музички ѕвезди во Бугарија последниве години, а доказ за тоа е изненадувањето кое ја пречека во престижниот хотел во Софија каде што отседнала. Имено, во хотелот постои „патека на славните“ со ѕвезди во кои се испишани имињата на сите што престојувале таму, а кои поради светската слава и популарност заслужуваат да имаат своја ѕвезда, налик на оние во Холивуд. Меѓу нив се: Бил Клинтон, Џејсон Стетам, Феде Ле Гранд, Мајкл Мороне, Роби Вилијамс и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Така, покрај бројни холивудски ѕвезди, славни музичари, па дури и еден претседател – своја ѕвезда со име доби и Теа!

– Искрено се израдував на овој гест и тоа е навистина знак на внимание кој ве остава без зборови! Секогаш со радост се враќам во Бугарија, затоа што уживам во дружењето со тамошната публика! Секогаш има една посебна и моќна енергија! Со нетрпение го очекувам следното видување – изјави Таировиќ.

Пејачката оваа година ги собори сите рекорди кога станува збор за настапи, а неодамна откри дека кон крајот на годината за својата публика го подготвува продолжението на албумот „Aska 2“, на кој веќе активно работи.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....