14.8 C
Скопје
15:34 - 17 март, 2026

Танди Њутн го прокоментира односот со Том Круз: Беше доминантен и се плашев од него на снимањата

Омиленото лице на Холивуд и ѕвезда на популарната серија „Westworld“, актерката Танди Њутн, во последното интервју за „Vulture“ зборува за нејзиното богато холивудско искуство, кое го одбележа сексуално злоставување и расизам заради нејзината боја на кожа.

Во 2000-та година, Танди глумеше заедно со Том Круз во второто продолжение на „Невозможна мисија 2“, а сега открива каков бил нивниот однос.

Танди Њутн со Том Круз во филмот „MIssion impossible“ (2000): Фото: IMDB

„Се исплашив навистина од него. Тој беше доминантна личност, иако многу се потруди да биде љубезен. Но, во целиот тој притисок имам чувство дека тој беше свесен, дека самиот може да го направи најдоброто“.

Танди Њутн со Том Круз во филмот „MIssion impossible“ (2000): Фото: IMDB

Добитничката на наградата Еми, се потсети на сцената на балконот со Том Круз во филмот.

„Мислам дека самата сцена не беше добро напишана. Во неа најпрвин јас се лутам на него, а потоа и двајцата сме бесни еден на друг, при што во следниот кадар гледаме преку балконот во Шпанија. Не одеше се како што планиравме и за среќа режисерот Џон Ву во тој момент не беше со нас. Тој беше долу и следеше што се случува преку мониторот. Режисерот уште на почетокот на филмот донесе одлука да не зборува англиски и мислам дека тоа му помогна на него, но не и нам. Без оглед на се, таа сцена се одвиваше, а Том не беше среќен затоа што јас имав многу оскудни реченици. Тоа го фрустрираше и тогаш дојде на идеја јас да ги изговорам неговите реченици од сценариото, а тој моите. Тоа беше толку тешко за мене, па токму затоа во тој момент станав многу несигурна, за што жалам. Тој се обиде да го извлече најдоброто од се“.

The 70th Primetime Emmy Awards (2018): Фото: IMDB

Но, тоа не бил крајот на компликациите на сетот. Еден ден од снимањето таа видела црвена дамка на носот на Том Круз, која до крајот на вечерта се претворила во големо мозолче.

„На некого му се потребни 48 часа црвенилото да му се претвори во мозолче. Но, не и на Том. Јас гледав во црвенилото и забележав како тоа расте и имав чувство дека и јас растам, растам, растам…“, раскажува Танди.

Golden Globe Awards (2019): Фото: IMDB

Подоцна, Танди Њутн добила телефонски повик од Том Круз за кој сметала дека ќе биде негово извинување, но тој во разговорот само и најавил дека ќе се снима се од почеток наредната недела.

„На следното снимање дојдов и го направив тоа што тој го сакаше. Тој бараше „алфа жена“ и јас му го покажав тоа. Но, сметам дека тоа не беше најдобриот начин да го извлече најдоброто од некого“ – вели Танди.

Westworld (2016): Фото: IMDB

И покрај ова искуство, актерката денес смета дека нејзиниот колега сепак не бил толку многу страшен, а раскажа дека и покрај се, таа се уште е на списокот на луѓе, на кои Том Круз им испраќа подароци за Божиќ.

Танди Њутн со Том Круз во филмот „MIssion impossible“ (2000): Фото: IMDB

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....