29.6 C
Скопје
20:23 - 5 август, 2026

Слоба Радановиќ има трауми од „Задруга“: „Поради Кија и Луна паднав во психичка криза, две недели не излегував од станот!“

Пејачот Слободан Слоба Радановиќ летово го поминува на црногорското приморје, каде што редовно настапува по клубовите, а воедно наоѓа време и за одмор со своето семејство.

Во разговор за медиумите, Радановиќ зборуваше за сезоната на настапи, за личниот живот, за тешкиот период по излегувањето од реалното шоу „Задруга“, но и за новата куќа која ја гради во Белград.

„Одморот најчесто го поминуваме во кругот на семејството. Многу е долг период да бидеме разделени, па не сакав тие да останат таму, а јас да бидам овде. Најважно е да сме заедно“, изјави Слоба со насмевка.

Како што вели, годинешната сезона на приморјето е послаба во однос на претходните години: „Не е повеќе како што беше порано. Има и полни локали, но луѓето немаат пари. Младите излегуваат само за да излезат, а сè е многу скапо. Се чувствува дека годинава е послаба, но се надеваме на подобро“.

Слоба се присети на периодот поминат во „Задруга“, кога, како што вели, доживеал сериозен психички притисок.

„Тешко беше и за оние што немаа никаква приказна, а беа затворени 10 месеци, а не пак за некој што прими толку осуди на своја сметка. Влегов како клинец, без големо искуство со јавниот живот. Кога излегов, две недели живеев кај пријател и речиси не излегував од станот. Дури и да требаше да преминам улица за да купам картичка за телефон, не можев. Имав анксиозност, или како и да се нарече тоа. Најмногу ми помогна работата – веднаш почнав со настапи“, открива тој.

Иако признава дека можеби и денес носи дел од тие трауми, вели дека ги пребродил благодарение на поддршката од пријателите и семејството: „Додека бев внатре мислев дека целиот свет е против мене, но кога излегов сфатив дека не е така. Знам дека сум постапувал исправно и никогаш не сум сакал никого да навредувам. Пуштив времето да покаже сè“.

Радановиќ вели дека за својата поранешна девојка, Луна Ѓогани, смета дека е подобар човек од Кија Коцкар, но не би ѝ се јавил доколку се сретнат.

„Тоа е едноставно мое мислење. Немаме контакт и мислам дека нема потреба да се јавуваме, затоа што секој потег би бил погрешно сфатен. И навистина ѝ посакувам среќа и на неа и на нејзиното семејство“, додаде пејачот.

Слични објави

Балоните од концертот на Дино Мерлин се продаваат на огласи, луѓето се во неверица

Еспресо

(Видео) Српска јутјуберка се породи дома, сопругот цело време бил покрај неа: Снимката стана хит на интернет

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно издание на Хвар: Костимот со гол грб ја истакна нејзината женственост

Еспресо

Поранешниот партнер на Јована Јеремиќ, Драган Станковиќ се сврши: Ја запроси девојката пред гостите на 50-тиот роденден

Еспресо

(Фото) Вашата прослава заслужува локација како Villa Diva, резервирајте си термин навреме

Еспресо

(Фото+видео) Мила Арсовска доби протеза за стапалото по 40 години и одново учи да оди

apostolova
Се вчитува....