6.8 C
Скопје
02:08 - 24 март, 2026

„Сите знаевме за нивната афера“: Нови детали за шокантната врска меѓу Милица Тодоровиќ и оженетиот партнер

Во јавноста продолжува да се отвора случајот поврзан со приватниот живот на пејачката Милица Тодоровиќ, откако беше откриено дека нејзиниот партнер, со кого минатата недела го доби синот Богдан, е во брак.

Иако пејачката од самиот почеток се обидувала да го заштити идентитетот и приватноста на својот избраник, по породувањето тоа станало невозможно. Најпрво во медиумите се појавија негови фотографии од приватна прослава, а потоа јавно се огласи и жената која тврди дека е негова законска сопруга, изнесувајќи ја својата верзија на настаните.

Според досегашните информации, станува збор за приватен претприемач кој се занимава со продажба на автомобили и има автопералница на Нов Белград. Новинарска екипа од Србија ја посетила локацијата, а лица вработени таму изнеле сведоштва за односите меѓу актерите во оваа приказна.

– Сите што работеа овде знаеја дека тој има врска со Милица. Не зборуваше отворено за тоа, сè до неколку дена пред породувањето. Ја видовме неколкупати додека беше бремена и беше јасно дека не станува збор само за деловен однос. Во последно време доаѓаше и неговата сопруга, ненајавено. Се чувствуваше напнатост, имаше и гласни расправии. Кога дозна дека станал татко, беше многу весел и ги частеше сите, но никој не очекуваше дека сè ќе излезе јавно – изјави извор близок до случајот, барајќи анонимност.

Според истиот извор, по избувнувањето на скандалот, партнерот на пејачката повеќе не се појавувал на работа.

Дополнително внимание предизвика и информацијата дека сегашниот и поранешниот партнер на Милица Тодоровиќ се познаваат.

– Нејзиниот поранешен вереник редовно доаѓаше во автопералницата и тие се поздравуваа пријателски. Кога подоцна се случи неговото апсење и тој скандал, се зборуваше дека му било искрено жал за Милица – наведува соговорникот.

Поради новонастанатата ситуација, Милица Тодоровиќ јавно побара мир и приватност, истакнувајќи дека најважно ѝ е здравјето на нејзиното дете.

– Ми се исполни најголемата животна желба – да станам мајка, и благодарна сум на Бога за тоа. Ве молам, како и досега, да ја почитувате мојата приватност и приватноста на моето семејство. Кога ќе дојде време, ќе зборувам за сè. Сега сакам само да се опоравам и да бидам со моето дете. Поради стресот по породувањето, го изгубив млекото, а најважно ми е здравјето на бебето – изјави пејачката.

За одделни медиуми се огласи и жената која тврди дека е законска сопруга на партнерот на Милица Тодоровиќ. Таа изнесе тешки обвинувања и емоционална исповед, наведувајќи дека се чувствува предадено и дека за неа бракот е завршен.

– Живеам во пекол. Целиот свој живот му го посветив. Изгубив 19 години. Се обидов да бидам смирена, но ова е премногу – изјави таа, додавајќи дека поради состојбата користи терапија за смирување.

И покрај обидите на медиумите да стапат во контакт со сите вклучени страни, засега нема дополнителни официјални коментари.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....