13.8 C
Скопје
17:07 - 17 март, 2026

Шварценегер и Сталоне со децении се најдобри пријатели, но не било отсекогаш така (ФОТО)

Глумците Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се најдобри пријатели веќе со децении, но не било секогаш така. Многумина ќе ги зачуди податокот дека на почетокот воопшто не се поднесувале.

Арнолд Шварценегер/IMDB

Сè почнало на еден настан на кој присуствувале двајцата.

Филмот „Роки“ бил номиниран за две награди, а Сталоне очекувал дека ќе добие барем една. Но тогаш се случило нешто неочекувано.

– Тоа беше време на „Роки“, а ние во нашата категорија не добивме награда. Потоа следеше уште едно разочаување. Ја изгубив и наградата и номинацијата за најдобар глумец. И кога помислив дека не може да биде полошо и си реков: „Господе, ова е ноќна мора“, го видов Арнолд како станува и тргнува да ја преземе наградата – се присетува Сталоне.

Шварценегер таа вечер го добил својот прв Златен глобус, а Сталоне се заколнал дека веќе никогаш нема да доживее таков пораз. Од тој ден го сметал Шварценегер за заколнат непријател.

„Се мразевме, а причината беше тоа што и двајцата имавме големо его. И тој и јас сакавме да имаме филм број еден, така што тогаш почна битката кој повеќе ќе заработи, чии филмови повеќе ќе ги полнат кината, кој ќе работи со подобри продуценти, кој ќе има поголеми мускули, подобра кондиција и поголеми пиштоли на платното… Така еден друг се напаѓавме и си ги кажувавме грдите работи што ни лежеа на душата“, беше искрен Шварценегер.

Силвестер Сталоне/IMDB

По неколку години двајцата сфатиле дека всушност си биле еден на друг мотивација и дека борбите ги воделе сами со себе, а не еден против друг.

Денес се најдобри пријатели чиј однос ништо не може да го наруши.

Слични објави

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova
Се вчитува....