14:20 - 18 март, 2026

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Турската јавност е во шок по веста за ненадејната смрт на 27-годишната модна инфлуенсерка и дизајнерка Ајшегул Ераслан, која во петокот, на 13 март, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Истанбул. Додека првичните информации од истрагата укажуваат на самоубиство, нејзиното семејство и пријателите се сомневаат на убиство, отворајќи бројни прашања за околностите што ѝ претходеле на трагедијата.

Шокантно откритие и вознемирувачки пораки

Телото на младата инфлуенсерка го открила полицијата, откако членовите на семејството ги алармирале властите бидејќи со денови не им се јавувала. Службениците насилно влегле во нејзиниот стан во истанбулската населба Кагитан и затекнале страотна глетка. Според првичните извештаи, Ераслан била пронајдена обесена на оградата од скалите, со пресечени вени.

Мистеријата дополнително се продлабочила откако во јавноста излегоа нејзините последни објави на социјалните мрежи. Во низа пораки, Ераслан пишувала за тешкото детство, недостатокот на родителска љубов и насилството што го трпела. „Постојат работи што не можев да ги споделам со вас, работи што не ги знаевте“, напишала таа. „Единствено што знам е дека бев многу добра личност. Никому не му наштетив.“ Слична порака, напишана на табла со траги од крв, била пронајдена во станот, заедно со молба некој да се погрижи за нејзините кучиња.

Сомнежи во официјалната верзија на настанот

Иако прелиминарната истрага ја оквалификува смртта како самоубиство, блиските пријатели и семејството ја отфрлаат таа можност. Нејзиниот пријател Семих Паланци јавно изнесе тврдење дека ракописот на пронајдената порака не е нејзин, што поттикна теории за злосторство. Паланци изнесе и шокантни детали од наводниот прелиминарен обдукциски наод, тврдејќи дека повредите не се во согласност со бесењето, но подоцна беше приведен поради „ширење лажни информации“.

Сомнежите дополнително ги потврди и семејството. Таткото и братот на Ераслан ја прекинаа медиумската тишина, изјавувајќи дека веруваат оти таа е убиена и побараа темелна и сеопфатна истрага. Нивните сомнежи се темелат на фактот дека неодамна се вратила од патување Од Египет и од Лос Анџелес и не покажувала знаци на депресија, а нејзината кариера била во подем. Како успешна дизајнерка со сопствено ателје и повеќе од 360 илјади следбеници на Инстаграм, имала големи планови за иднината.

Улогата на мистериозниот актер

Во центарот на истрагата се најде и 28-годишниот актер Сунај Куртулуш, кој бил снимен од надзорни камери како влегува во зградата околу еден час пред проценетото време на смртта. Во својата изјава пред полицијата, Куртулуш признал дека бил во кратка посета и дека дошло до мала расправија по, како што ја опишал, „разиграна шлаканица“ што му ја удрила Ераслан. Тој бил пуштен по испитувањето, бидејќи било утврдено дека ја напуштил зградата пред нејзината смрт. Неговите адвокати подоцна издадоа соопштение во кое изразуваат сочувство до семејството и нагласуваат дека нивниот клиент бил испитан исклучиво како сведок во рамките на истрагата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ayşegül Eraslan (@aysegulleraslan)

Слични објави

(Видео) Си ги искажуваат фрустрациите: Андријана Петрушовска искрено за „хејтерите“

Еспресо

Весна Змијанац има милиони во недвижнини: Пејачката откри дел од богатството, а сè им останува на Николија и нејзините внуци

Еспресо

Татко на две ќерки и син и уште една посвоена: Бојана го покажа сопругот во домашно издание

Еспресо

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо
Се вчитува....