11.8 C
Скопје
10:05 - 15 март, 2026

Шоу со денови за фалсификувањето на приватните податоци на сопругата на Алек Болдвин, а тој застана во нејзина одбрана!

Instagram

Откако минатата недела кружеа информации на Твитер дека поранешната водителка и инструктор по јога, Хиларија Болдвин фалсификува некои приватни информации, таа реши да и се обрати на јавноста.

Instagram
Instagram

Таа така призна дека нејзиното вистинско име е Хилари, рече дека е бела (со бела боја на кожа) и дека всушност е родена во Бостон, а не во Мајорка, како што тврдеше претходно. „Да бидам јасна, Европа е полна со белци, а и моето семејство е бело. Јас сум од мешано потекло, воспитана сум во духот на две култури“, рече Хиларија Болдвин во видеото што го објави на својот Инстаграм профил.

Хиларија честопати навестуваше дека пристигнала во САД на 19-годишна возраст за да студира во Њујорк. Нејзините лаги всушност ги разоткриле нејзините поранешни соученици. Тие рекоа дека отишла на училиште во Вестон, Масачусетс и дека нејзините родители биле професори, но и дека никогаш немала странски акцент.

Instagram
Instagram

Хиларија Болдвин по откривањето призна дека го поминала своето детство и во Шпанија и во САД, но сепак тврди дека целото нејзино семејство живее во Шпанија.

Instagram
Instagram

Во нејзина одбрана застана и нејзиниот сопруг, актерот Алек Болдвин, со кого има пет деца. Тој објави цитат од Марк Твен на Инстаграм: „Додека вистината облекува чевли, лагата ќе го пропатува половина од светот“. Тој објасни дека неговата сопруга е родена во Бостон, но пораснала во Шпанија. Во меѓувреме, од нејзината агенциска биографија исчезна информацијата дека е родена во Мајорка.

Слични објави

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно дете му се слоши, обезбедувањето веднаш реагираше

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо
Се вчитува....