21:16 - 7 април, 2026

Сека Алексиќ настапи во ден на жалост: Народот бесен, пејачката се огласи со видео

Србија ја зафати страшна трагедија кога во петокот на 1 ноември во Нови Сад се урна настрешницата на железничката станица, при што животот го загубија 14 лица.

Многу пејачи ги откажаа своите настапи, изразувајќи сочувство и почит за жртвите. Но, имаше и такви кои никогаш немале доволно пари, па ја искористиле можноста да си ја продолжат работата и во ден кога цела Србија беше во жалост.

Меѓу нив е и Сека Алексиќ , која синоќа настапи во Босна. Нејзината постапка наиде на негодување кај многумина на социјалните мрежи , особено на платформата „Х“, каде нејзиното име беше во центарот на вниманието поради несразмерниот одзив на трагедијата. Иако е позната по својата активна комуникација со фановите, Сека денеска не се огласи на споменатата платформа.

На својот Инстаграм пејачката навистина сподели видео од терасата на хотелската соба, уживајќи во погледот на реката Уна, не обрнувајќи премногу внимание на негативните коментари поради настапот претходната вечер.

Фото: Скриншпт

Да потсетиме, за време на дена на жалост е забрането емитување народна и забавна музика, односно одржување на програми од забавен карактер на јавни места.

За прекршување на горенаведениот закон се казнува со парична казна од 50.000 до 200.000 динари за правни лица или од 2.000 до 10.000 динари за физички лица.

Поради тоа, бројни пејачи ги откажаа своите настапи, иако тие беа однапред закажани, додека некои решија да настапат како ништо да не се случило. Исто така, бројни пејачи одбија да настапат иако имаа закажани настапи надвор од Србија, во други земји, а некои сепак решија да пеат.

Слични објави

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.
Се вчитува....