4.8 C
Скопје
22:16 - 2 март, 2026

„Се туширам и ја мијам косата кога ќе стигнам“: Изјавата на Рада Манојловиќ ја згрози јавноста

Српската пејачка Рада Манојловиќ повторно ја подигна атмосферата на еден од своите настапи, овојпат во впечатлив црн мини-фустан што ја истакна нејзината фигура. Снимки од славјето, како и обично, сподели на Инстаграм, каде што се гледа нејзината препознатлива енергија и комуникација со публиката.

Во текот на настапот, Рада беше во одлично расположение – неуморно играше и ги анимираше гостите, а насмевката не ѝ се симнуваше од лицето. Публиката возврати со одлична атмосфера, па нема сомнеж дека вечерта долго ќе се прераскажува.

Сепак, зад сценските светла, пејачката без задршка признава дека нејзиното секојдневие изгледа сосема поинаку. Во една прилика отворено раскажа дека не користи филтри и дека во домашно издание е далеку од гламурот по кој е позната.

„Не користам филтри, тоа ме нервира. Единствено што понекогаш го заматувам е целулитот, бидејќи навистина го имам. Дома сум како ракун – подочњаци, пунџа на врвот од главата, целосен хаос. Туширање и миење коса кога ќе стигнам и толку. Никогаш не сум користела креми за лице или раце, ниту маски за коса. Не негувам ништо – ни лице, ни тело. Само Божја волја и гени се причината што вака изгледам“, призна Рада.

Таа додаде дека темпото на живот што го води – честите настапи, тешката шминка, непроспиените ноќи и нередовната исхрана – кај многумина би оставило далеку поголеми последици.

„Со ваков начин на живот некој би изгледал многу поизморено од мене. Не е лесно да се најде баланс кога постојано трчам на сите страни“, искрено вели пејачката.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....