10.8 C
Скопје
11:06 - 27 октомври, 2026

Сајфер пред пукањето добивал закани? Нови детали за инцидентот во Сараево не престануваат да шокираат

Познатиот босански рапер Аднан Никиќ (32), попознат под уметничкото име Сајфер, денес, на 21 јули, беше ранет со огнено оружје во Сараево.

Раперот е хоспитализиран со повреда на ногата, а неговата сопруга изјавила дека претходно имал вербален конфликт со две лица и дека со голи раце тргнал кон пиштолот, губејќи при тоа значителна количина на крв.

Сега се појавија нови информации дека Сајфер уште пред две недели почнал да добива закани, иако идентитетот на сторителите сè уште не е познат.

– Во тоа време беа отворени два Инстаграм профили преку кои Сајфер добивал навреди и закани. На неговата адреса, засега непознати лица, испраќале ужасни пораки кои можеби го најавувале денешниот напад – изјавил извор близок до ранетиот рапер.

Полицијата сè уште ја истражува целата ситуација, а состојбата на Сајфер, според информациите, е стабилна.

Инаку, дел од босанските портали шпекулираа дека Сајфер можеби сам се ранил во ногата, но тие тврдења не се официјално потврдени.

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....