6.8 C
Скопје
06:41 - 31 март, 2026

Рада Манојловиќ работи со полна пареа: Пејачката ќе заработи 350.000 евра за помалку од една година!

Рада Манојловиќ

Рада Манојловиќ повторно работи со полна пареа. Пејачката до крајот на следната година има закажано 70 настапи, како во земјата така и во странство. Како што стојат работите, музичката ѕвезда за помалку од една година ќе инкасира 350.000 евра.

Иако тука влегуваат и трошоците за бендот, кога ќе се собере и одземе, убавицата од Четереже ќе биде во голем плус.

Рада пред две години доживеа вистински деловен бродолом, но сега полека, сигурно и во голем стил се враќа во игра. Нејзината сестра Маја, која ѝ води дел од обврските и настапите, секогаш е усогласена со неа, па и таа добро ќе профитира.

– Јас сум добра, а добар и глуп се браќа родени. Тоа ништо не вреди за стресот што го преживеав. Шест години ништо не снимав, самодовербата ми беше разнишана и слично. Пари ќе има! Јас сум некој што рано остана без мајка и парите не ми помогнаа ниту да ја спасам, ниту да ја вратам. Парите што ги имам сега, а можев да имам многу повеќе, за мене не се среќа. Што ќе ми вредат ако полудам и завршам на психијатрија – изјави еднаш Рада.

Манојловиќ извесен период се повлече од јавниот живот и не закажуваше настапи, но сега сè се врати во нормала.

Таа не крие дека поради стресот околу работата и се разболела.

– Често здравјето трпи затоа што работам со полна пареа. Се разбира, си ја сакам работата, но не е лесно. Нормално е сите ние пејачи некогаш да сме преморени – се пее цела ноќ, потоа следи патување, па додека да стигнеш дома, едвај накратко да заспиеш, но човек се навикнува – истакна таа.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....