04:06 - 6 април, 2026

(Видео) Првично бил во фолк-водите: Ќе се изненадите како звучел Тоше Проески на почетокот

На социјалните мрежи се појави видеоснимка од раната фаза на музичката кариера на Тоше Проески, која прикажува помалку познат дел од неговиот уметнички развој.

Снимката е објавена на фејсбук-страницата „Метео Велес“ и датира од периодот кога Проески настапувал како член на групата „903“.

Во видеото, снимено на неколку локации во Крушево, младиот Тоше ја изведува фолк-песната „Марија“, при што пее и свири гитара. Станува збор за љубовна композиција, реализирана во амбиент без сценска продукција, што укажува на спонтан пристап кон снимањето.

Иако подоцна ја изгради својата кариера главно во поп-музиката, оваа снимка потврдува дека на самиот почеток Проески бил присутен и во фолк-жанрот. Во описот на видеото се наведува дека станува збор за „Тоше на самите почетоци од неговата кариера со фолк-рефрени“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....