08:12 - 9 април, 2026

Прва песна на Марија Денкин: Слушнете ја „Дали вреди“

Марија Денкин е млада и талентирана девојка, која како што вели многу ја сака музиката, а карантинот поради коронавирусот бил пресуден да се создаде нејзината песна „Дали вреди“.

Марија на 8-годишна возраст се запишала во државното музичко училиште „Илија Николовски – Луј”, каде што завршла нижо (основно) музичко училиште. Паралелно посетувала и приватни часови по соло пеење.

Во еден период од животот се тргнала од музиката. Ја привлекле некои други области – туризам и угостителството.

„Како што ме нарекуваат блиските, сега си дипломиран гастроном кој ја зачинува музиката со свои зачини“, вели Марија.

„Карантинот беше пресуден за да се создаде оваа песна. Доста слободното време ме натера да правам нешто продуктивно. Во слободно време пишувам поезија и проза, па така не ми беше тешко да ја направам оваа песна. За релативно брзо брзо време беше напишана, не повеќе од 15 минути. Утредента отидов кај Дени Куртовиќ (млад артист и продуцент) и ја снимивме од прва, без никакви измени и препејувања, буквално во еден здив“, открива Марија.

Песната ја снимив лично за себе, за свое задоволство, но никогаш не се знае, можеби еден ден ќе излезе нешто поголемо.

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....