18.8 C
Скопје
14:25 - 13 март, 2026

„Прости, бев дрзок и арогантен“: Ана Николиќ објави емотивни пораки од Рале по раскинувањето

Пејачката Ана Николиќ раскина со Горан Ратковиќ – Рале, а сега на својот инстаграм-профил ги објави пораките кои тој ѝ ги испраќал по прекинот на врската.

„Ти благодарам, Ана, што беше тука кога никој друг не беше. Што прости нешта кои никој не би ги простил. Што и полумртва, уништена, остана вила. Што секогаш беше храбра за двајцата. Што направив сè што ми велеше ‘немој’. Те оставав, се враќав. Што беше човек, жена, сестра, љубовница. Што ме сакаше дури и кога сам од себе се срамев“, стои во една од пораките.

Во друга порака која ја сподели Ана, тој напишал: „А јас бев одвратно арогантен, дрзок, што ти ветив сè, а не исполнив ништо! Наместо да те направам најсаканата жена – затоа што жената е убава онолку колку што е сакана – јас се обидов да ти ја одземам целата твоја магична прашина со која правеше времето да застане кога ќе се појавеше. Јас бев твој приоритет од првиот до последниот ден“.

Следува уште една емоционална исповед.

„Толку бев заглавен во сопствената безобразност, што те мразев колку што повеќе беше добра. Затоа што умирав од страв дека ќе те изгубам… а направив сè тоа и да се случи. Ти, Ана, не си жена што се среќава двапати во животот. Подготвена да умре од љубов, а јас не бев ништо од тоа… и тајно ти се восхитував, и те презирав. Јас не сум роден за големи нешта како тебе. Никогаш не сум бил и нема да бидам храбар како тебе. А за среќата треба сила. Додека сум жив, ќе се каам што бев и останав една одвратна ништожност, што никогаш не те заслужувала. Прости, ако можеш – но знам дека барам невозможно.“

На крајот, Ана објави нивна заедничка фотографија со емотивна порака: „Разликата е што само со тебе посакав семејство и да ти родам бебе“.

Слични објави

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо
Се вчитува....