4.8 C
Скопје
03:00 - 18 февруари, 2026

ПР-от на Мирко Попов: Тој е жив, не објавувајте лажни вести во медиумите

Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, во вторникот беше хоспитализиран на една од скопските клиники.

Неофицијално, причината за хоспитализацијата била обилно мозочно крварење.

Откако беше објавена веста за влошената здравствена состојба на Попов, на социјалните мрежи се појавија повеќе лажни објави дека музичарот починал.

Ивана Тасев, која е негова советничка и претставничка за односи со јавноста, сега ги демантираше овие објави и ги замоли новинарите да не ги пренесуваат на своите медиуми без да ги проверат.

„Во името на семејството на Мирко Попов, како и во мое име како негов советник за односи со јавноста, најљубезно ве замолувам да не преземате статуси, односно непроверени информации, од социјалните мрежи, каде овие два дена кружат лажни вести дека Мирко Попов починал.

Земете предвид дека Попов, пред сѐ, е родител на две деца и дека ги вознемируваме нив и неговото поблиско семејство. Во овие тешки моменти за нив, ве замолувам да бидеме луѓе и да се проверуваат овие информации кои поединци ги пишуваат на социјалните мрежи“, напиша Тасев во соопштението до медиумите.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....